
Српските медиуми веќе неколку дена пишуваат дека една од најубавите светски спортистки, српска тенисерка Ана Ивановиќ е во врска со 26-годишниот српски кошаркар Иван Пауниќ, кој воедно е близок пријател на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Оваа информација ја потврдил и самиот Иван по кошаркарскиот натпревар меѓу клубовите „Билбао“ и неговиот матичен клуб „Фуенлабдраде“, а на кој се појавила и самата тенисерка.
– Многу сум среќен поради големата победа и мојот победнички кош кој и го посветувам на Ана. Многу ми значеше нејзината поддршка – изјавил Пауниќ и додал дека тој и познатата тенисерка се во љубовна врска.

– Не сакам премногу да зборувам за мојот приватен живот и им благодарам на медиумите што ја почитуваат мојата приватност. Доволно е да кажам дека сме во љубов со Ана и дека ни е преубаво, уживамо заедно се поддржуваме изјавил Пауниќ.

Пауниќ има богата кареиера зад себе, а има настапувано и за српската репрезентација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


