
Македонската асоцијација на новинари денеска оцени дека пресудата за новинарот Томислав Кежаровски е неочекувано строга, особено во споредба со другите изречени казани.
– Оттука произлегува дека сторителите на делото и изворот на информациите за заштитениот сведок се безмалку невини во однос на новинарот кој го објавил идентитетот, се наведува во соопштението од МАН.
Новинарот на „Нова Македонија“ Кежаровски, осомничен во предметот „Ликвидација“, е осуден на четири години и шест месеци затворска казна, поради објавување на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во весникот „Репортер 92“.
Пресудата денеска ја донесе судскиот совет на Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска.
Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


