| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал во форма, а двајцата клучни играчи се повредени

Тимот на Арсенал чекори сигурно во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите на стартот од оваа сезона, но францускиот стратег никако не го одминуваат проблемите со повредите на стандардните првотимци

A

Фудбалерот задолжен за разбивање на играта на противникот, Фчламини се здоби со потрес на мозокот за време на саботниот меч со Норвич, по што му беше препорачано целосно мирување во следните пет дена. Поради ова, Фламини воопшто нема да биде во комбинација за пресметката со актуелниот европски вицешампион.

Уште еден проблем за Венгер претставува обновената повреда на Тео Волкот, кој требаше веќе претстојниот викенд да го има својот камбек во првиот тим на Арсенал. Сепак, тој повторно го повреди истиот мускул што го мачеше во изминатиот период, па сега ќе мора да паузира уште најмалку две седмици од терените. Ова значи дека англискиот репрезентативец ќе ги пропушти премиерлигашките пресметки со Кристал палас и со Ливерпул, како и дуелот од Лига-купот против Челси, а во таборот на „топчиите“ се надеваат дека Волкот ќе биде подготвен за настап на големото дерби против Манчестер јунајтед, закажано за 10 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top