| четврток, 6 декември 2018 |

НБА легенда уапсен за носење оружје

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА Бил Расел, деновиве бил задржан на аеродромот во градот Сиетл поради оружјето кое што го носел

bil-500

Според информациите на северноамериканските медиуми, обезбедувањето подоцна изглегло со соопштение дека во багажот на маж кој патувал кон Бостон, викендов бил најден револвер „Смит и Весон“, калибар 38.

При тоа било потрвдено дека 79 годишниот човек всушност е легендарниот Бил Расел, кој живее на територијата на Сиетл.

Поради фактот што Расел оружјето со муниција го носел во зона во која тоа било забрането, револверот му бил одземен. Како и да е, по ова тој бил пуштен, иако не сакал да се огласи во врска со случајот.

Бил Расел славата во најсилната лига на светот ја стекна играјќи за екипата на Бостон „Селтикс“. Во пет наврати го заслужил признанието најкорисен (МВП) во лигата.

Како играч освоил вкупно 11 НБА титули, а бил и тренер на Сиетл „Суперсоникс“, на Бостон „Селтикс“ и на Сакраменто „Кингс“. Член е на Куќата на славни кошаркари во Спрингфилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top