| четврток, 6 декември 2018 |

Пливачот Иван Симоновски постави нов национален рекорд за Македонија

Младиот пливач Иван Симоновски , член на пливачкиот кулб „Орка 2012“ од Битола, го урна досегашниот рекорд во дисциплината 50 метри делфин

 

ivannnn

На меѓународниот пливачки митинг Куп на Крагуевац, кој се одржа во саботата, Иван Симоновски исплива 50 метри за само 29.34 секунди.

На митингот учествуваа 602 пливачи од Србија, БиХ, Хрватска, Бугарија,  Македонија.

Ова е негов нов рекорд во категоријата пливачи до 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top