| четврток, 6 декември 2018 |

Севернокорејскиот лидер и наредил на војската да се подготви за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласил вонредна состојба во земјата во пресрет на новата нуклеарна проба и ја предупредил војската да биде подготвена за војна, пишува Раша тудеј повикувајќи се на јужнокорејски медиуми.

Според весниците во Јужна Кореја, Ким Јонг Ун им наредил на сите оружени сили да се подготват за војна, а на своите најважни офицери и личности задолжени за безбедност им издал неколку тајни наредби да се подготват за нова нуклеарна проба која треба да биде извршена наскоро.

Ким Јонг Ун наводно рекол дека цела земја ќе биде под вонредна состојба од 29 јануари и дека сите треба да бидат подготвени за војна. Поради овие информации медиумите во Јужна Кореја претпоставуваат дека северниот сосед се подготвува за нуклеарна проба во најскоро време, а некои аналитичари сметаат дека тоа може да се случи веќе на 16 февруари, на роденденот на дедото на младиот водач на Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top