| четврток, 6 декември 2018 |

Оџата Рушани тврди дека не ширел омраза и нетрпеливост

-Целиот видеоматеријал трае 45 минути и е снимен на едно мое предавање. И тоа од пред две години. Тоа што сега кружи на Фејсбук и по медиумите трае само неколку минути, со што остава простор да биде погрешно протолкувано. Тој што го ставил на Фејсбук сакал да привлече што повеќе фанови, а не гледа дека прави штета. Ставовите што се искажани на моето предавање од пред две години се одраз на реалната состојба што се случува во државата и немаат за цел да шират омраза и нетрпеливост помеѓу Македонците и Албанците“, вели Имамот од Гостивар, Зекрија Рушани за МКД и додава дека во една демократска земја е дозволено поединецот да зборува отворено за своите мислења и ставови.

Ваквата изјава доаѓа откако shqip.republika.mk. објави дека Рушани на молитва изразил загриженост за моменталната ситуација во земјата и ги повикал верниците да ги бојкотираат Македонците во сите аспекти.

Република дојде до целиот видео материјал. Тој е снимен пред две години. Неговото предавање се однесува на убиството на двајцата тетовци од страна на полицаец, кој тврдеше дека бил принуден да пука за да се одбрани себе си и својата малолетна ќерка. Во видеото Рушани вели:

– Проблемот не е денешен. Ние постојано зборуваме, луѓе, немој да личите на нив. Дел од куранот вели кажете им на своите деца да не заличат на неверниците (шкина), бидејќи тие никогаш нема да бидат задоволни. Кога ќе бидат задoволни? Само во моментот кога ние ќе станеме како нив. Ние фала богу, нема да станеме како нив. Го молам Алах да ја засили нашата младина и да разбере еднаш засекогаш дека тој не те мрази зошто имаш пари или немаш пари. Тој тебе те мрази затоа што велиш Алах е голем. Тој тебе те мрази што носиш шамија (за жените). И со шамија и без шамија и со капа и без капа, тој ќе те мрази до крајот на животот. Ниту евреите, ниту православните, ниту католиците . Овие три религии со нас никогаш нема да бидат задоволни, макар да станеме и мост. И како такви нема да не сакаат. Да бидеме мермерни плочи нема да газат по нас. Ќе бидат задоволни кога ние нема да постоиме. Но Алах не рекол така. Алах ти дал можност да бираш. Не купувај кај евреите, католиците, христијани, купувај кај муслиманите. Не дозволувајте со вашите пари да ве убиваат.

Оџата Рушани тврди дека не ширел омраза и нетреливост со ваквата изјава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top