| четврток, 6 декември 2018 |

„Тортијада 2013“ – подготвени за изложба на врвни торти

Несекојдневните креации и слатки уметности на аматери и професионалци од целиот свет ќе бидат дел од јубилејната, петта по ред „Интерскопкејкс 2013“, која годинава ќе се одржува на почетокот на ноември (2.11.) во „Веро центар“ во Скопје.

Оваа изложба на торти, многу попозната по името „Тортијада“, ја организира Хуманитарната организација „Ангелчиња“, во соработка со Град Скопје.

Засега учесници од осум држави го потврдија своето учество на лицитацијата, а средствата собрани од продажбата на тортите ќе бидат наменети за реновирање на дел од просториите на стационарот во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.

„Тортијадата “ ќе биде поделена во два дела:

– ревијален дел од 12 до 17 часот, кога граѓаните со слободен влез ќе ги разгледаат изложените торти и ќе гласаат за најдобрата, притоа уживајќи во богатата музичка програма.

– официјален дел од 17 до 19.30 часот, кој ќе биде отворен од страна на градоначалникот на Град Скопје , г. Коце Трајановски, кога ќе се лицитираат и ќе се прогласат најдобрите торти, а воедно и ќе се прогласат победничите торти во двете категории кои ќе бидат наградени со симболични награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top