Влатко Стефановски доби награда за музиката во филмот „Кад сване дан“ на режисерот Горан Паскаљевиќ. Македонскиот гитарист се закити со престижното признание Најдобра филмска музика, на денешното доделување на Fipresci наградите, во белградскиот Музеј Кинотеке.
На свеченоста во Белград, Стефановски не беше присутен за да ја прими наградата, бидејќи тој синоќа заедно со Мирослав Тадиќ и Теодоси Спасов, имаше концерт во Лондон, на кој ги придружуваше Симфонискиот оркестар од Лондон.
Наградата Fipresci е единствената во Србија каде се вреднуваат најдобрите филмски остварувања во оваа земја, а се доделува уште од 1993 година. Апсолутен победник годинава е филмот Клип на младата режисерка Маја Милош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија




