Најновото истражување покажа дека повеќе од половина луѓе сè уште се надеваат дека ќе го пронајдат вистинскиот, додека, пак, шест проценти од анкетираните велат дека во брак треба да се влезе поради парите.
Дури 86 проценти од луѓето мислат дека љубовта е главната причина поради која треба да стапите во брак, спротивно на ова, само шест проценти веруваат дека бракот поради пари гарантира посреќен живот.
Додека, пак, помалку од еден процент од анкетираните сметаат дека токму парите се најбитниот фактор во изборот на партнерот.
Истражувањето покажа и дека голем број од анкетираните сè уште негуваат традиционални обичаи, па така 42 проценти велат дека нивната мајка мора да го одобри потенцијалниот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.