Да потсетиме, Леверкузен во петокот на гости го совлада Хофенхајм со 2:1, меѓутоа видеоснимката покажа дека погодокот кој со глава го постигна Штефан Кислинг е нерегуларен, поточно топката во голот заврши од надворешната страна, низ дупка во мрежата.
Сепак, разбирливо, на фудбалскиот клуб Хофенхајм, кој поради ова загуби со 2:1 од Баер Леверкузен, не му беше сеедно и се жалеше барајќи мечот да се поништи и преигра.
Како и да е, одлуката за фантомскиот погодок, кој судијата го призна и покрај фактот што топката влезе во мрежата од надворешната страна на голот, ќе биде донесена до крајот на месецов, соопшти Германската фудбалска лига.
– Целосно ги разбираме сите кои ваквиот фантомски гол го сметаат за неправеден. Меѓутоа, и повикот да се повтори натпреварот е оправдан иако од минатото знаеме дека ФИФА ги брани одлуките на судиите – изјави потпретседателот на натпреварувањето, Рајнер Кох.
Директорот на лигата, Андреас Ретиг, објасни дека се закажани избори во фудбалската федерација на земјата в четврток и в петок и оти поради тоа, ќе се оддолжи и одлуката за спорниот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.