Новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во случајот „Ликвидација“, е осуден на казна затвор од четири и пол години, одлучи денеска Основниот суд Скопје 1, јави „Радио Слободна Европа“.
Освен Кежаровски, беа обвинети и велешкиот судија Иле Танев, Сабедин Џини-Хофман, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, обвинителот Ивица Ефремов, Јане Павловски–Тица, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров. Тие добија казна затвор од 1 до 5 години.
Обвинетите се товареа за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.