| четврток, 6 декември 2018 |

Гневна учителка: Ако не се смирите ќе ве закопам во дупка!

ucitelkaЌе ве закопам во дупка – гласела заканата на Сангита Наик, британска учителка. Таа на своите ученици од прво одделение им се заканила дека ако не се смират ќе ги затвори во гeпек, ќе ги однесе во шума и таму ќе ги закопа во дупка!

Седум годишните деца се разбегале во страв. Заканите ги кажале на своите родители, кои веднаш го известиле директорот на училиштето во Лондон. Учителката е суспендирана. Директорот на училиштето вели дека забелешките на учителката која почнала да работи од минатиот месец, треба да се сфатат на шега. Но сепак, до завршувањето на истрагата таа нема да работи со деца.

– Моето дете сакаше да оди на училиште, одвај чекаше да заврши распустот. Откако се врати со солзи минатата недела, само смислува изговори да не оди – вели загрижена мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top