| четврток, 6 декември 2018 |

30 загинати во експлозија во Сирија

Bombing in Hama

Бомбаш-самоубиец во сирискиот град Хама крена во воздух камион со 1,5 тони експлозив, убивајќи притоа најмалку 30 лица, а десетици се повредени, јавија сириските државни медиуми.

Камионот бил кренат во воздух на мошне фреквентна улица во предградие на Хама, град во централна Сирија.

Државните медиуми за нападот ги обвинија „терористите“, што е израз кои го користат за бунтовниците, кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top