До декември треба да се направат напори да има напредок во разговорите за името за да може да се валоризира петтиот по ред позитивен Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава – смета вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.
Според него добро е што следната недела од страна на медијаторот Метју Нимиц се закажани разговори за прашањето за името во Њујорк.
-Апелирам тоа да се искористи, бидејќи е важно до декември да има одреден прогрес во разговорите за да може препораката да се ефектуира на Советот на Европската унија. Покрај преговорите во ОН, од корист ќе биде во надминувањето на проблемот да има и поголема вклученост од меѓународната заедница и земјите членки на ЕУ и НАТО кои можат да дадат свој придонес – порачува вицепремиерот.
Тој нагласува дека земјава не смее да се откаже од својата цел – да биде дел од ЕУ и НАТО.
-Исклучително е важно да се искористи моментумот за Македонија да ги реализира реформите, но и за надминувањето на спорот за името со нашиот јужен сосед. Во Извештајот се нагласува дека е важно што поскоро да се најде решение за прашањето со името и се алудира дека Западен Балкан останува во интересот и агендата на Унијата. Затоа е неопходно да создадеме амбиент и клима за надминување на спорот – рече Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција