| четврток, 6 декември 2018 |

185 загинати во земјотресот на Филипини

Билансот на загинатите во најсилниот земјотрес, кој ги погоди Филипините во изминатите две децении, достигна 185 лица, соопштија филипинските власти.

Според информациите поголем дел од жртвите се од провицијата Бохол, каде беше епицентарот на земјотресот кој ги погоди Филипините во вторникот. Интензитет на потресот беше 7,2 степени според Рихтеровата скала. Судбината на најмалку девет лица сё уште не е позната и се претпоставува дека и тие се загинати.

Според Националната агенција за управување со кризи при природни непогоди. тринаесет лица загинале, а над 500 се ранети во соседните провинции Себу и Сикуиџор.Околу 3,5 милиони лица беа погодени од земјотресот, во кој се разурнати целосно или делумно над 37 илјади куќи, претежо во Бохол.

Штетите предизвикани врз инфраструктурата се проценуваат на околу 13 милиони долари.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top