| четврток, 6 декември 2018 |

Русокосото девојче најдено во Грција е ќерка на Бугарката Марија

marija

Сѐ уште се трага по идентитетот на 4 годишното русокосо девојче кое грчката полиција го најде во ромско семејство во Фарсала. Роднина на уапсената ромска двојка кај која е најдено детето во грчката програма „Светло во тунелот“ изјавила дека детето ним им било предадено во 2009 веднаш по раѓањето од страна на нејзината мајка Бугарка која не можела да ја чува. Наводно мајката на Марија живее во селото Софадес во северна Грција.

Од друга страна грчка брачна двојка инсистира на проверка дали Марија е нивна. Имено, лекарите по раѓањето на нивното дете во Солун им рекле дека починало, но кога побарале доказ, виделе дека ковчегот е празен – пишува greekreporter.com, пренесува Канал 5.

Девојчето сега е згрижено од експертите на грчката невладина организација „Насмевка на децата“. Различните верзии кои се појавуваат за нејзиниот идентитет сепредмет на истрага на полицијата која по пронаоѓањето на Марија упари интернационален апел да се открие чие е девојчето. Се појавија стравувања дека е дел од поголем европски ланез на трговија со деца но се појави и надеж кај многу семејства чии деца исчезнале, дека се уште се живи!

Кај ромската двојка кај која е најдена Марија живееле 13 деца, за неколку од нив тие поседувале фалсификувани документи. Според документите најдени кај нив, излегува дека 40 годишната жена во период од 5 месеци од јуни до ноември 1993 родила 3 деца, а од октомври 1994 до февруари 1995 родила уште три.

Потрагата по идентитетот на Марија продолжува. Полицијата апелира секој што знае нешто да се јави на броевите  +1 2410-683171 и +1 2410-683184 / 5 или да контактира со hamogelo.gr. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top