Малкумина знаат, но најблиската железничка станица до Стар Дојран е на само два километри од грчка страна. Тоа е линијата која го поврзува Солун со Софија и Истанбул и практично сме многу блиску до европската железничка карта. Од друга страна, солунскиот аеродромот е на само 70 километри и Дојран има мошне добра сообраќајна поврзаност. Идејата на сопствениците на фабриката Николиќ која беше заинтересирана да изгради железничка пруга до Грција не наиде на добра волја од грчка страна. Официјално одговорот беше дека се нема средства за изградба на линијата, иако сопствениците на фабриката се понудија да ја инвестират бидејќи е од големо значење за нивниот бизнис. Мислам дека таа би била готова до сега, кога политиката би се ставила на страна – вели Борче Стамов, градоначалникот на Дојран во интервју за Курир.
Тој нагласува дека туризмот за многумина дојранци претставува работа која носи дополнителни приходи во семејниот буџет, нешто слично како и со земјоделството.
-На многу мал дел од граѓаните овие две сфери им претставуваат основно занимање. При крај сме со подготовката на документацијата за формирање на индустриска зона, која ќе нуди поволни услови на инвеститорите кои ќе решат да отворат капацитети овде. Сметам дека интересот за инвестирање во зоната нагло ќе порасне штом во неа се отворат една или две фабрики, а веќе имаме позитивни сигнали од заинтересирани инвеститори. Заживувањето на оваа индустиска зона ќе претставува и заживување на општината, со отварањето на работни места квалитетот на живот и стандардот на граѓаните значително би се подигнал – додава најмладиот градоначалник.
На прашањето како го замислувате Дојран во 2017 година тој вели:
-Пријатно место за живеење. Со мала невработеност, место во кое луѓето ќе можат да обезбедат дополнителни приходи од туризмот и земјоделството. Со помалку инфрастуктурни проблеми од тие во 2013, но и со помалку куќи кои стојат празни. Вистинско место за одмор и рекреација, не само за постари, туку и атрактивна дестинација за младите. Место на среќни и горди мештани, и задоволни гости и туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


