
Петнаесет годишниот М.В. од Подгорица завршил во болница по неговиот обид да ја спречи Парадата на гордоста која денеска треба да се одржи во главниот град на Црна Гора. Тој се здобил со изгореници откако се запалила експлозивната направа со која сакал да ја нападне Парадата на гордоста.
На инспекторите им раскажал дека самиот ја направил експлозивната направа со која сакал да ги нападне учесниците на денешната геј парада. Според српски Курир како да ја направи експлозивната направа научил на интернет. Тој детално раскажал колку грама од кои материјали искористил во нејзината изработка. Но експлозивниот материјал се запалил и му нанел изгореници по телото.
Момчето кажало дека направата била направена со цел да ја спречи геј парадата која денеска за прв пат ќе се одржи во Подгорица.
Инаку денешната геј парада ќе ја обезбедуваат околу 2000 полициски службеници.
– Тие ќе бидат ангажирани да би обезбедуваат учесниците на парадата, како и другите граѓани. Исто така ќе имаат задача да го штитат имотот на државата – најави претходно црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.
Според најавите, геј парадата треба да започне во 11:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


