Двајцата турски пилоти, кои беа киднапирани и држени како заложници од екстремисти во Либан од август, се вратиле во својата земја. Пристигнувањето на Мурат Акпанар и Мурат Агџа на аеродромот во Истанбул со катарски приватен авион беше пренесено на турските телевизии. Тие на писта беа пречекани од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и други официјални лица.

Пилотите беа ослободени во рамките на договорот, со кој се обезбеди ослободување на деветмина либански верници, киднапирани во Сирија. Сѐ уште не се знае дали е исполнет третиот дел од договорот, кој предвидува ослободување на
десетици жени од сириските владини затвори. Тоа беше клучното барање на сириските бунтовници, кои ги држеа либанските заложници.

Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


