Шампионот Баерн во Минхен славете триумф од 4:1 во дуелот со Мајнц тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новевски.
Борусија Дортмунд иако уште во 4. минута со голот на Маркус Роис од пенал дојде во водство во дуелот со Хановер, сепак „Милионерите’’ до крајот на средбата не можеа да постигнат уште некој гол, па конечниот резултат на крајот гласеше 1:0.
На останатите два натпревари, Брауншваиг загуби од Шалке со 2:3, а Ајнтрахт и Нирнберг одиграа без победник 1:1.
Денешната програма ќе ја заокружат Вердер и Фрајбург со натпреварот кој ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Вчера Баер Леверкузен како гостин со 2:1 го победи Хофенхајм.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбите: Хамбургер – Штутгарт и Аугсбург – Волфсбург.
Табела:
Баерн Минхен 23 бодови
Борусија Дортмунд 22 бодови
Баер Леверкузен 22 бодови
Борусија Менхенгладбах 13 бодови (еден натпревар помалку)
Хановер 13 бодови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани