Стотици хумани граѓани се впуштаат во акција да му помогнат на Максим побргу да стигне до Детска клиника „Хајделберг“, во Германија. Токму таму германски лекар, во раните седумдесетти години, го открил Шимке имуно-дисплазија синдромот, многу ретко генско заболување
Социјалните мрежи деновиве се борат за животот на малиот Максим, кој страда од многу ретко заболување, Шимке имуно-дисплазија, кое е откриено во седумдесеттите години. Во светот од него страдаат уште само пет деца. Болеста се манифестира со откажување на функцијата на бубрезите и со џуџест раст. За да се спаси, потребна е трансплантација на коскена срцевина и на бубрег.
Како што пренесува „Дневник“, група хуманисти организираат хуманитарен викенд за малиот Максим.
– Ќе се обидеме да собереме максимум за малиот Максим. Многу се тажни овие приказни за децата што страдаат. Ние ќе организираме вечер за Максим во култната кафеана „Галерија 8“ во Старата скопска чаршија. Сите гости што ќе дојдат викенов со нарачката ќе имаат можност и да донираат. Можеби сме млади и никој од друштвото с` уште нема деца, но едноставно не можеме да останеме мирни кога ќе прочитаме за немирот на некои родители или деца – вели Арманд.
Kутии за собирање пари за помош на Максим ќе бидат поставени и во сите скопски маркети на „Тинекс“. Па граѓаните ќе имаат можност да донираат за овој борец, кој, за жал, се намачил во своите само четири години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“
-
Еден тон капачиња им донесоа еден тон среќа на четири семејства
-
Фотографија која скрши милиони срца: Се венчале во болницата каде умира нивниот син


