Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев и директорот на Центарот за социјални работи денеска во Свети Николе го отворија Регионалното брачно советувалиште. Во советувалиштето, граѓаните ќе можат бесплатно да добиваат совет за брачните проблеми.
Министерот Спасов заедно со градоначалникот, претставници на Центарот за социјални работи и Црвениот крст го посетија и семејството Смилковиќ во село Богословец. Црвениот крст на семејството на му предаде облека, храна, обувки и хигиенски препарати, а Министерството ќе донира бела техника и мебел од акцијата „Се грижиме за топол дом“, како и еднократна парична помош. Општина Свети Николе, пак, ќе учевствува во реконструкција на нивниот дом со градежни материјали.
Спасов денеска ја посети општина Кочани, при што оствари средба со претставници на општината и директорот на Центарот за социјални работи. Беше реализирана и средба со претставници на здруженија на пенионери, инвалиди, како и со граѓани на град Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски


