| четврток, 6 декември 2018 |

Во еден ден ограбени два македонски хотела

Вчера напладне непознат крадец  преку задната врата на хотелот „Капри“ во Битола  влегол во просториите и од машката и женската соблекувална одзел неколку паричници и ташни во кои имало околу 22.000 денари, картички од повеќе банки и разни документи.

Рабојникот бил фатен на дело во женската соблекувална од страна на 26-годишната А.У. по што тие почнале да се влечат, а таа успаела да му одземе еден од украдените паричници.

Случајот веднаш е пријавен во СВР- Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Ледомат, две куќишта од компјутер, два монитори од компјутер, лап-топ, пет ЛЦД телевизори, камера од рецепцијата, две уметнички слики и ресивер за Ви-Фи, пак, биле украдени од скопскиот хотел „Вип“, во 1:45 часот после полноќ во петокот. Крадецот причинил материјална штета од околу 349.680 денари.

Се уште непознатиот сторител со употреба на погоден предмет делувал на бравата од влезната врата, влегол внатре и ги одзел горенаведените предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top