Познатата водителка Симона Николовска вчера го прослави јубилејниот, 25-ти роденден. Иако, како што вели таа, лично е по славењето на роденденот, нејзините најдобри другарки вчера се погрижија Симона да си ја добие заслужената забава.
Водителката прославуваше вчера после работа во едно од скопските кафулиња, а како подарок веднаш се пофали со нејзиниот секси подарок.
Што очекува од оваа година?
– Насмевка , раат и здравје за мене и моите најблиски , па се друго ќе си дојде. Веќе сум при крај со подготовките на мојот магистерски труд така да се надевам дека ќе помине се во најдобар ред и ќе бранам пред дочек на новата година. Подолг временски период имам план да си обезбедам свој стан , па годинава интензивно ќе работам на остварување и на оваа желба – ни изјави Симона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



