Камион-цистерна на белградска транспортна компанија што превезувал 35.000 литри бензини, се запали минатата ноќ на автопатот Белград-Ниш кај мостот на Морава меѓу Јагодина и Ќуприја.
Српската полиција сооппшти дека при инцидентот нема загинати или повредени лица, а дека пожарот бил изгаснат за околу еден час.
Како што јави Танјуг, возачот на цистерната изјавил дека не знае како дошло до пожарот.
– Во еден момент почувствував пламен позади себe, го паркирав камиoнот и повикав полиција и пожарникари – изјави возачот.
Поради пожарот сообраќајот на оваа делница од автопатот неколку часа беше во прекин, а возилата беа пренасочувани на локалниот пат Ќуприја-Јагодина. Според противпожарната служба, при огнот изгореле околу 15.000 литри бензин, а
пожарникарите успеалe „да ги спасат“ останатите 20.000 литри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


