
Непозната група дрвокрадци отворила оган кон припадници на мобилната единица Алфи во околината на Љуботен.
Како што јави Сител, инцидентот се случил пред еден час кога „алфите“ налетале на групата. Во обид да ги стопираат и легитимираат, дрвокрадците отвориле оган кон нив и почнале да бегаат.
За среќа во првиот инцидент немало повредени полицајци. Веднаш по бегството, полицајците се впуштиле во потера која се уште трае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


