| четврток, 6 декември 2018 |

Панче Кралев: Потребно е образование според економските приоритети

Долгорочните цели на државата мора да бидат следени со квалитетно образование. За тоа постојат различни модалитети. Моментот каде што заостануваме е мобилноста, вели за Република министерот за образование Панче Кралев

pance-kralev-Дел од Европските универзитетите го напуштаат болоњскиот систем или модифицираат на сопствените потреби. И ние треба да го прилагодиме, но не по пат на реплицирање. Треба добро да се размисли каде сакаме да одиме и да прилагодиме модел кој што ќе одговара кон стремежот. Ако ни е приоритет следните 20 години да влезат 50 врвни компании од техничките индустрии, нормално дека академските кругови треба да се стремат со производство на кадри. Ако сме одлучиле да инвестираме 700 милиони евра во земјоделието, треба да има и соодветен кадар што ќе ја следи таа програма, ако пак сме решиле дека приоритет ни е информатичката технологија- образованието ќе мора да следи- вели министерот за образование Панче Кралев во интервју за неделникот Република.

-ЕК има програма до 2015 година секој студент од ЕУ барем еден семестар да го помине надвор од земјата каде студира. Поентата и приоритет на оваа програма е мобилноста. Истата програма ја има и во американскиот систем. Тоа е моментот каде што ние заостануваме, доцниме- додава Кралев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top