
Борис Кондарко не треба понизно да постапува по одлуката на СДСМ затоа што тој е на државна функција и одговара пред граѓаните, смета премиерот Никола Груевски во врска со оставката на Кондарко од функцијата претседател на Државната изборна комисија, пренесува МИА.
– Опозицијата во Македонија е во непријатна ситуација затоа што со години не може да ја придобие довербата на граѓаните и секогаш кога се доближуваат избори се обидуваат да направат политичка криза со цел да најдат свое алиби за поразот и со цел доколку има некакви можности за предвремени избори да ги спречат тие предвремени избори. Во таква конотација го разбирам тоа што сега се случува околу Кондарко. Крајно непринципиелно и неодговорно е претседателот на партијата да објавува дека му дал задача или наредба на претседателот на Државната изборна комисија, независно што го делегирала неговата партија, дури би рекол и прилично понижувачки е за самиот Кондарко кога неговиот партиски шеф кој во основа не би требало на таков начин да се однесува, а уште помалку би требало самиот Кондарко така понизно да постапува со одлуката на партијата, затоа што тој е на државна функција и одговора пред граѓаните во државата и не треба да се однесува така како што се однесува, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Битолско.
Според премиерот корените на проблемот практично се во немањето доверба од страна на граѓаните, а немањето доверба е заради лошите политики што ги води СДСМ и отсуството на сериозни идеи за подобрување на состојбите во Македонија кои би резултирале со успеси.
– И покрај се би спомнал дека ова станува пракса на СДСМ. Имено пред неколку години, исто така по наредба на Бранко Црвенковски, тогашен претседател на партијата, тогашниот претседател на ДИК предложен од СДСМ, Александар Новаковски си поднесе оставка на три месеци пред избори. Се гледа дека човекот кого што Заев го нарекува идеолог на партијата, станува збор за Црвенковски, се уште владее со таа партија. Неговите методи се присутни. Неговиот начин на работење е познат. Тоа што тој го правеше како претседател сега Заев истото го повторува, го следи, ги следи неговите препораки. Веројатно наредбата е од таму дојдена бидејќи се препознава по чекорот, со тоа уште еднаш се потврдува дека во СДСМ нема никакви промени и дека повторно раководи со истите деструктивни методи со кои што претходно работеше, истакна премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


