| четврток, 6 декември 2018 |

Нови игри на Државната лотарија на Македонија

Со оглед на зголемениот интерес за учество во игрите на среќа со извлекување бројчиња, Државна лотарија на Македонија најавува дека наскоро ќе ги пласира игрите „Бинго Бум“ и „Топ 5“, кои се очекува да го привлеќат интересот на сите приврзаници на игри од типот на бинго и лото.

„Бинго Бум“ е познатата омилена семејна игра на среча бинго, со нов идентитет и ново ТВ пакување.

„Топ 5“ пак ќе се игра со извлекување на 5 од 35 бројчиња. Ова е нов продукт на Државната лотарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top