Ѕвездата пред настап пие само јонизирана вода исклучително со цевка од титаниум.
Ѕидовите и мебелот мора да бидат снежнобели, а храната мора да биде послужена на послужавник во иста боја, а сето тоа треба да биде на одредена собна температура, поточно на 22,2 Целзиусови степени.
Ова се само дел од барањата што менаџерите на Бијонсе ги праќаат до организаторите на концертот.
Пејачката пред секој настап во гардеробата сака да ја чека свежо цвеќе кое мириса на грејпфрут и два сапуни, а бањата треба да биде реновирана и да има чуден детаљ – црвена тоалетна хартија.
Поради сите овие необични побарувања, многу од организаторите ја сметаат како најразгалена ѕвезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


