Чиро Блажевиќ нема влакна на јазикот и во интервју за српскиот портал „Ало“ вели дека Србите се препотентни и самобендисани и затоа не патуваат за Бразил на мундијалот идната година. Блажевиќ се пожали дека „орлите“ го откачиле за позицијата селектор.
– Јас ги удрив темелите на репрезентацијата на БиХ што сега ја величаат сите и што е најпријатното изненадување во квалификациите. И Србите можеа да бидат во иста улога, но тие ме одје.аа. Мислеа дека ќе се прошетаат низ квалификациите, но беа препотентни и затоа ќе си седат дома – вели Блажевиќ во препознатлив стил.
И навистина многу повеќе се очекуваше од селекција што има страшно квалитетна одбранбена линија составена од ѕвезди како Ивановиќ, Коларов, Суботиќ, Настасиќ, го имаат и Видиќ, и одлични играчи во маневарот и во нападот, но останаа на третата позиција зад Белгија и Хрватска. Што е уште полошо, за нив Србите не беа конкурентни уште во раната фаза за позицијата број 1 што директно води во Бразил, ниту пак за „двојката“ што обезбедува дополнителни два бараж-дуели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


