| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб ја започна сезоната на победи со Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со победа ја започна новата сезона во кошаркарската Евролига

makedonija grcija
Фенербахче на гостувањето во Киев ја победи екипата на Будивелник со 102:84. Мекејлеб за 25 минути поминати на теренот реализираше 11 поени.Ова беше дуел од групата А каде што уште играа Нантер – ЦСКА Москва 59:62 и Барселона – Партизан 67:60.

Два натпревара се одиграа во групата Б: Бросе Баскетс – Стразбур 87:70 и Анадолу Ефес – Армани 87:67.
Вечерва се игра дуелот Жалгирис – Реал Мадрид.

Во групата Ц Монтепаски дома загуби од Галатасарај со 85:74.
Вечерва играат Стелмет – Баерн Минхен и Олимпијакос – Уникаха Малага.

Резултати постигнати во 1. коло во групата Д: Црвена звезда – Локомотив Кубан 87, Литвос Ритас – Панатинаикос 84:83 и Лаборал – Макаби 84:80.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top