Најдобрите во трките кои се на програмата на 16 и на 17 ноември ќе им бидат кумови на споменатите ирваси, а потоа ќе можат да ги следат нивните авантури во Лапонија во текот на зимата, преку социјалните мрежи и преку фотографии.
Секоја година ќе им бидат овозможени средби со нив, кога ќе дојдат повторно да се натпреваруваат во Финска.
Ирвасите што ќе им бидат „подарени“ на најбрзите во Леви ги одгледува Јохана Хиетанен, а, според нејзините зборови, победниците во слаломот ќе добијат младечиња кои се родени минатата пролет.
– Се радуваме што ќе направиме ново семејство ирваси во Леви. Во првата година нема да имаме принови, меѓутоа во иднина семејството ирваси од Леви ќе добие нови членови и се надеваме дека ќе имаме долгорочна соработка. Самите ирваси се многу важен дел од Лапонија и нејзината слика во светот – истакнува Хиетанен.
Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање стартува на 26 и на 27 октомври со велеслаломите во австриски Зелден. Леви најпрво на 16 ќе биде домаќин на женскиот, а следниот ден и на машкиот слалом.
Ова не е првпат организаторите на трки во Светскиот куп, покрај традиционалните трофеи, да подаруваат и животни. Во Вал д’Изер победниците неколку години добиваа крави, а една се најде во сопственост и на американската скијачка Линдзи Вон.
Крави беа доделувани и во тенис, а познато е дека и најуспешниот на сите времиња, Роже Федерер, освои две на турнирот во Гштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија



