
Канадската влада отвора нов Центар за аплицирање за визи (visa aplication centre, VAC) во Скопје за да го олесни аплицирањето за виза за граѓаните.
Во соопштението од Почесниот конзулат на Канада во Скопје се наведува дека службениците во центрите за аплицирање за визи се достапни на телефон, по е-пошта и лично за да одговорат на прашања на локалните јазици и за да проверат дали апликациите се целосни. Со тоа се избегнуваат непотребни одложувања или одбивања поради нецелосни апликации.
Сите оние кои сакаат да аплицираат за виза за посета, за дозвола за студирање, за работна дозвола или за патен документ на постојан жител, можат да го сторат тоа во новиот Центар за аплицирање за визи во Скопје на адреса ул. Јордан Мијалков 50-а, 1000 Скопје. За повеќе информации за услугите кои ги нудат центрите за аплицирање за визи, посетете ја веб-страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


