| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски апелира до ЗНМ и до МАН

ivo ivanovskiМинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, апелира до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари да ги договорат подзаконските акти за законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.

– Повеќе пати сме упатиле порака до Здружението на новинари на Македонија да седнеме на маса да се договроиме. Апелирам до двете асоцијации, и до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари, да седнеме да ги договориме подзаконските акти од законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги бидејќи токму тие се многу битни во спроведување терен на која било легислатива, изјави Ивановски, одговарајќи на новинарско прашање што презема за одмрзнување на преговорите со ЗНМ по извештајот од Европската комисија за делот со слобода на медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top