– Ако состојбата не се промени во следниве три месеци, размислувам да ја променам средината. Ова е необично решение, но, едноставно, сакам повеќе да играм – изјави Касилјас и додаде дека ова не е притисок врз тренерот туку дека сака да се наметне преку работа.
Според него, сите играчи се себични, но се професионалци, кои мораат да си го одработат тоа за што се платени.
– Во екипата 24 фудбалери се борат за првиот тим, а одлуката на тренерот е кој ќе истрча на теренот и тоа го почитувам. Ќе тренирам уште повеќе со цел да влезам во првите 11, истакна шпанскиот репрезентативан голман, кој стартното место во Реал го загуби минатата сезона кога тренер беше Жозе Мурињо.
Касилјас во „кралскиот клуб“ има забележано 656 настапи, освоено пет титули првак на Шпанија и два трофеја од Лига на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)



