| четврток, 6 декември 2018 |

Ирак го тресат бомби

h_51042156Најмалку 51 лице загинаa во неколку експлозии и самоубиствени напади во Ирак, со што продолжува бранот насилства кој се повеќе ја зафаќа земјата.
Најмногу напади се извршени во главниот град Багдад, каде се имало седум експлозии на автомобили-бомби, меѓу кои и една во близина на детско игралиште, што усмрти две деца.
Најголем број на жртви во насилствата имало во нападот на бомбаш-самоубиец кој влетал со автомобил-бомба во една населба во близина на градот Мосул, при што загинале најмалку 15 луѓе, а 52 се повредени.
Ирак се соочува со најголемата ескалација на насилство од 2008 година, со што се зголемува стравувањето дека оваа земја се враќа во верски судири кои ја доведоа до работ на граѓанска војна во годините по меѓународната интервенција во 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top