| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за грабежот во чаирската пошта

пошта Во Основниот суд Скопје 1, беа изречени затворски казни за десетмината обвинети, сите вработени во поштата во Чаир која беше ограбена на 26 јуни годинава.

Од десетмината обвинети, тројца добија затворски казни. Ќе лежат: четврто обвинетиот во случајот благајник во поштата доби четири години затвор; исто толку добија и двајцата транспортери на обезбедената поштенска пратка. Останатите седум обвинети поминаа со условни тригодишни казни.

Сите обвинети се пуштени од притвор,  освен благајникот и транспортерите за кои судот треба да одлучи каква одлука ќе донесе.Грабежот се случи на 26 јуни кога двајца маскирани и вооружени лица упаднаа преку необезбедена и отклучена безбедносна решетка и  врата од службениот влез и украдоа 13 милиони и 600 илјади денари.

Крадците се уште не се најдени, а полицијата трага по нив. Интересно е што една од обвинетите е ќерка на екс функционер на ДУИ,  која беше во бегство, а денес само се појави во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top