| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Зголемен е бројот на откриени илегални мигранти

Gordana-Jankulovska-2Како резултат на континуираните активни мерки, РМ бележи зголемувањето на бројот на откриени илегални мигранти во 2013 година, којшто споредено со 2012 година, е зголемен за повеќе од 70 отсто. Повеќе од двојно е зголемувањето и на бројот на откриени илегални мигранти од афричките и азиските земји, чиј што број изнесуваше 533 лица до септември годинава, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во попладневната сесија посветена на илегалната миграција во рамки на министерската конференција на Салцбург Форумот, во Букурешт, Романија.

Министрите за внатрешни работи од земјите членки на оваа асоцијација на две работни сесии дискутирале околу новите предизвици за европските полиции во областите на внатрешни работи и правда, како и за приоритетите што ќе бидат поставени пред земјите членки на Форумот за време на претстојното претседателство на Словачка со оваа асоцијација.

Инаку, денеска, по завршувањето на работниот дел од конференцијата Јанкулоска, како што е најавено, ќе има средба со директорот на Европската канцеларија за поддршка на азилот Роберт Висер.

Утре, пак, на маргините од Десетиот состанок на Комитетот на министри за внатрешни работи во рамки на Европската конвенција за полициска соработка на земјите од ЈИЕ, министерката Јанкулоска ќе има средба со молдавскиот колега Дорин Рецеан, кога ќе биде потпишан договор за полициска соработка меѓу двете земји, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top