Сите знаеме дека Република Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во Европската унија, што сега го порача Европската комисија, исто како и лани, преклани и изминатите пет години. Оваа песна се врти како стара плоча и јас мислам дека е крајно време за промена, вели словенечкиот европратеник Милан Звер. Поранешниот министер за образование на Словенија вели дека тој се надева дека фактите конечно ќе превладеат над политичките игри и дека Македонија по пет години исполнување на критериумите и осумгодишен статус на земја-кандидат – конечно да ги почне пристапните преговори.
– По долго време влечење за нос, ваквата одлука е поважна за Европската унија отколку за Република Македонија. Веродостојноста на нашата политика за проширување, а со тоа и нашите барања, се повеќе се под знак прашалник- вели Звер. Според него, одлуката за почеток на преговорите е важна и за Македонија и нејзините соседи:
– Верувам дека почетокот на пристапните преговори радикално ќе помогне и за меѓусоседските односи, ќе ги намали разликите и ќе ја подобри меѓусебната соработка, доверба, партнерство и почитување – додава Звер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“