
– Премиерот, г. Никола Груевски, најодговорниот за бедата и сиромаштијата во Р. Македонија, денеска на Светскиот ден за искоренување на сиромаштијата реши да го посети Прилеп, градот кој токму по заслуга на неговата влада е рекордер по невработеност и сиромаштија. Најблаго кажано – лицемерие! – реагираше денеска СДСМ во Прилеп.
Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп, го праша македонскиот премиер „со кое лице ќе се појави пред прилепчани“.
– Слободната економска зона сѐ уште е празна, четири години без никаква инфраструктура! Или може ќе се појавите со приказните за намалена невработеност, преку бришење на граѓаните од списокот во агенцијата за невработени? Состојбите во реалноста се катастрофални, со над 40% невработени и сиромашни прилепчани, наспроти лажно прикажаните 30%. Благодaрение на вашата власт над 60% од младите во Прилеп се невработени, наголемо се иселуваат, а оние малкуте кои останаа во Прилеп и работат, најчесто се на работни места несоодветни на нивното образование – рече тој.
Според Велески, власта од Прилеп направила шампион по беда и мизерија, со осиромашени и разочарани граѓани. Град без ниту една странска инвестиција, без ниту една нова фабрика или новотворен стопански субјект. Град на економски пустош, со претпријатија пред колапс и затворени дуќани.
– СДСМ е сериозна партија, која во интерес на просперитетот на граѓаните пред себе си постави крајно одговорна задача, а тоа е „да ја вратиме средната класа“ во Прилеп и во Македонија. Проектот, 15% повраток ДДВ годишно на секој граѓанин е начин со кој над 130 милиони евра народни пари ќе се вратат во рацете на граѓаните. Ова се само едни од низата мерки во нашата нова програма, со која ќе го вратиме достоинството на граѓаните кои припаѓаат или треба да припаднат на средните општествени слоеви – рече Сашо Велески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


