Родителите на убиените момчиња од петкратното убиство кај Смилковско Езеро им се нафрлиле на обвинетите за убиството, за време на денешното продолжение од судењето, извикувајќи „Убијци, убијци“ и со клетви „Да горите во пеколот!“, јавува порталот „Прес 24“ во кусиот текст со наслов „Хаос во судницата“.
Во текот на вчерашниот ден беа сослушани двајца од обвинетите, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири. Обвинетите се товарат за тероризам. Нивната цел, според обвинителниот акт, била да предизвикаат чуство на несигурност и страв кај населението, преку убиство на граѓани од македонска националност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


