
Постар скопјанец добил куршум во рамо и завршил на Ургетниот центар додека местел водоводни цевки во својот двор
Настанот се случил вчера. Во 16.30 часот од Ургентен центар – Скопје е пријавено дека кај нив е донесено лицето Љ.Д. (65) од Скопје, кој бил погоден од залутано зрно. По преземени мерки е утврдено дека истиот ден, околу 15 часот, на ул. „Солунска глава“, додека Љ.Д. поставувал водоводни цевки во дворот од неговата куќа бил погоден од залутан проектил во пределот на рамото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


