Претставници на домашните туристички агенции присуствуваа на презентација на „ТАВ туризам“ за да разменат идеи за нивна идна соработка. Оваа компанија е дел од турскиот холдинг којшто оперира и со аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Директорите на „ТАВ туризам“ се сретнаа со претставници на македонски туристички агенции. Координаторот на компанијата, Севда Каја, истакна дека меѓу Македонија и Турција има особено добри односи, најконкретно на полето на економијата.
– Како оператори на аеродромите, забележуваме огромен потенцијал за соработка во туризмот и во воздухопловството со пријателска Македонија. Со преземените чекори за развој на туризмот во Македонија и со сè поголемиот број директни летови од овде, вашата земја стана многу привлечна за турските туристи – вели Каја.
Таа нагласи дека не само поради луѓето кои имаат семејства што емигрирале од Македонија во Турција, туку и заедничката историја на двете земји привлекува многу туристи.
– Овде има потенцијал за развој на еколошки туризам земјаќи го предвид културното богатство и природните убавини. Како претставници на две братски земји, ќе имаме одлична соработка со туристичките агенции и ќе понудиме аранжмани кои ќе ги вклучуваат убавините и на двете земји – истакна координаторката на „ТАВ туризам“.
Заземајќи посебно место во туристичкиот сектор со предноста што е дел од групацијата на аеродромски оператори „ТАВ туризам“ нуди брзи и сигурни услуги за сместување, билети, крстарења, постапки со визи и осигурување. Тие работат преку канцелариите во Истанбул, Анкара и во Измир, а услугите ги нудат и преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци