| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда Кер го продава станот уреден по „Сексот и градот“

Супермоделот Миранда Кер реши да го продаде суперлуксузниот стан на Менхетен  уреден по серијата „Сексот и градот“. Манекенката на „Викторија сикрет“ сфатила дека и е потребен повеќе простор за нејзиното семејство кое го сочинуваат актерот Орландо Блум и нејзиниот двегодишен син Флин. Таа веќе се отселила од станот кој го огласила на продажба за 1.3 милиони американски долари.

Миранда Кер луксузниот стан во Њујорк го купи во 2006 година, а на истиот кат поседува уште еден стан кој го издава под наем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top