Цените на нафтата денеска паднаа откако инвеститорите остварија профит по договорот во САД за подигнување на лимитот на задолжување.
Меѓутоа и понатаму е присутна неизвесноста дека договорот со кој се продолжува лимитот за задолжување на американската влада до 7 февруари може да биде само привремена мерка и дека проблемите можат да испливаат во наредните неколку месеци.
Барел од американската „лесна“ нафта за испорака во ноември на Трговската берза во Њујорк чинеше 102,17 долари, односно 12 центи помалку отколку на крајот на вчерашното тргување, додека нафтата „брент“ во Лондон поевтини за еден цент на 110,58 долари за барел.
Според аналитичарите, вниманието сега ќе биде насочено на начинот на кој САД ќе се избори со штетата што ја предизвика делумната блокада на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.