Стефан ел Шарави, 20-годишниот напаѓач на Милан и на италијанската репрезентација, јавно му одговори на тренерот Масимилијано Алегри, кој го обвини дека повеќе се залага за фризурата отколку за фудбалот.
– Мојата фризура и мојот изглед немаат никаква врска со тоа како играм. Кога играв добро и кога играв лошо, секогаш изгледав исто. Би сакал да ми се суди по тоа што го давам на теренот, а не по тоа како изгледам или каква фризура имам – рече младиот напаѓач.
Моментално повредениот Ел Шарави додаде дека не може да дочека да заздрави од повредите и да заигра заедно со Бразилецот Кака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим