| четврток, 6 декември 2018 |

По осумдесет години љубов, конечно кажаа „да“

mlad bracen par paragvaj

Двојка од Парагвај склопи црковен брак по 80 години заеднички живот. Младоженецот Хосе Мануел Риел (103) и неговата невеста Мартина Лопез (99) изјавија дека се среќни што нивната љубов ја благословил католички свештеник.

Како што наложува традицијата, младата била во бела венчаница, а младоженецот во полежерна облека. Церемонијата се одржала во дворот од нивната куќа, каде што бил поставен импровизиран олтар.

На венчавката присуствувале пет генерации од нивното семејство. Тие имале осум деца, 50 внуци, 35 правнуци и 20 праправнуци. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top