| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Јас сум виновен, обвинете ме само мене

Pandev-Goran01

-Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата. Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб. Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате – изјавил капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев за Македонски спорт.

Тој нагласил дека репрезентацијата е претворена во менаџерска репрезентација.

-Секој си прави тоа што сака на штета на националниот тим и резултатите. Од една компактна селекција станавме премногу смешни. Не личиме на ништо и не ми е јасно како тоа секогаш играчите се виновните. Ете како играч јас преземам одговорност и се повлекувам, но тоа треба да го направат и другите лица од структурите на ФФМ – потенцира Пандев.

Повеќе на Телеграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top